Кривична пријава заработи градоначалникот на Струга Менди Ќура, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно на одредбите од Законот за основно образование, донел одлука и незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице за в.д. директор. Тоа го направил иако знаел дека ново-назначеното лице нецелосно ги исполнува условите пропишани во член 118 од Законот за основно образование.
Неправилностите биле утврдени и од инспекцискиот надзор, извршен од Државниот просветен инспекторат.