ЦУК: До 18 часот три активни пожари

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Центарот за управување со кризи информира дека на отворен простор до 18:00 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден пожар е под контрола, а шест се изгаснати.

Активни се три, во Општина Долнени: с. Десово – ниска вегетација.

Општина Куманово: с. Агино Село – ниска вегетација. Општина Илинден: с. Дељадровци и с. Мршевци – ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот во Општините Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. М. Брод) проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.

Најнови вести