Центарот за управување со кризи информира дека до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои нема активни, еден е под контрола, а 11 се изгаснати.
Под контрола е огнената стихија во
Општините Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. М. Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) гори нискостеблеста и мешана шума.