Центарот за управување со кризи информира дека на отворен простор до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а осум се изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Новаци: с. Рапеш – ниска вегетација.
Општина Сопиште: с. Говрлево – ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Сеуште гори во Општините Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. М. Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.