Дата центарот ќе се гради во близина на Скопје и на индустриска зона, на државно земјиште објави Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Меѓудругото истакна дека веќе разговарал со потенцијални финансиери од меѓународната заедница, а во втора фаза ќе се градат и фотоволтаици.
Од утре ќе се презентира и дел од националната стратегија за вештачка интелегенција, a наредната година се разгледува можноста и за посебен закон за вештачката интелегенција.
„Една од активностите на стратегијата ќе биде можеби, размислуваме за донесување на еден закон за употреба на вештачката интелигенција, значи не за регулирање на производство или создавање на вештачка интелигенција, туку повеќе за правилното, етичко и принципиелно користење за добро на вештачката интелигенција. Така што, тоа е нешто за што размислуваме за 2027 година“, изјави Андоновски.