Социјалдемократкиот сојуз обвинува дека за само две години власта ја урнисала деловната клима што била градена со години и ја намалиле довербата кај странските инвеститори.
Според партијата Македонија тоне на секое поле. СДСМ укажува на податоците на Народна банка за вториот квартал од годинава кои покажуваат само 18,7 милиони евра странски директни инвестиции. Ова е втор најлош економски резултат години и години наназан, бајките на Мицкоски за „трета економија“ се распрснати како меур од сапуница, став на СДСМ.
Во продолжение целата изјава на Симона Цветановски, член на Извршиот Одбор на СДСМ.