Александар Вучиќ предупредува: Европа ја очекува пекол поради цените на нафтата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска престојува во Украина, каде што на покана на украинскиот претседателот Зеленски ќе учествува на состанокот на Карпатската иницијатива за интеграција.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Вучиќ во објава на Инстаграм истакна дека станува збор за важен проект за економско и инфраструктурно поврзување, чија цел е стабилност и мир, но се осврна и на тешката енергетска состојба во светот, поради која државата ќе мора итно да реагира.

Говорејќи за глобалните случувања, српскиот претседател ги спомена изјавите на чешкиот премиер Андреј Бабиш и полскиот премиер Доналд Туск, кои предупредија дека „Европа ја очекува пекол“.

Вучиќ оцени дека нивните предупредувања не се далеку од вистината, имајќи ги предвид актуелните цени на нафтата и гасот на светскиот пазар.

Главната причина за посетата на Вучиќ е неговото учество во Карпатската иницијатива за интеграција, чија цел е посилно трговско, економско и транспортно поврзување на земјите од поширокиот карпатски регион.

Покрај Србија, во проектот би требало да бидат вклучени и Австрија, Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Романија и Украина.

Најнови вести