ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС и ДУИ ги бирале судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се нивните соработници на криминалот и корупцијата.
Додаваат дека мал дел на судии и обвинители блиски до СДС и ДУИ, го корозираат правосудниот систем и носат одлуки спротивни на правдата, но на иста линија со нивните наредбодавци.
Дозволете да се потсетиме на неколку судии и обвинители, поточно на Катерина Коларевиќ, обвинителката која го затвори случајот Мазут, а чиј татко беше избран за државен правобранител од влада на СДС, а чија мајка беше избрана за уставен судија во време на коалицијата на СДС и на ДУИ, велат од партијата.
Во продолжение прес-конференцијата.