Украина и Русија ги интензивираа нападите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Најмалку 37 луѓе загинаа, а повеќе од 40 се повредени во руски воздушен напад во регионот на Киев. 381 лице, меѓу кои 59 деца, беа евакуирани од погодената зона. Според властите, оштетени се околу 50 станбени згради.

Руското Министерство за одбрана објави дека руските сили зазеле села во Сумската и во Донецката област.
Напади со беспилотни летала регистрирани и во регионот на Ростов. Три лица загинаа во украинскиот напад врз Белгород.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД ги информирале украинските власти за состаноците во Москва што се одржаа неодамна и дека САД се залагаат за реална визија за тоа што треба да се направи за да се стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф, на 24 август ненајавено ја посети Москва, а американски извори објавија дека целта на неговата посета била да им ги пренесе на тамошните службеници неговите проценки за позицијата на Русија во војната во Украина.

Најнови вести