Тешка сообраќајка кај Агино село: Двајца загинати, тројца повредени

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Tешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино село. Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени. МВР информираа дека возачот кој ја предизвикал сообраќајката е уапсен и против него ќе следува соодветна пријава.

-Ha 19.09.2026 околу 21:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово- Скопје, во насока кон Скопје, во атарот на с.Агино Село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. (65) од Скопје и патничко возило „опел корса” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (27) од Скопје.

На самото место починале сопатниците од возилото опел корса В.Н. (49) и Л.М. (71) од Скопје. Л.Н. (48), сопатничка од возилото „опел корса” се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Б.Н. (28) и С.Н. (27) од Скопје во возилото „мерцедес” се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје.

Најнови вести