Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, вели дека избраниот тек на дејствување на неговата земја е јасен, Техеран истовремено ќе се бори и ќе преговара.
Според Галибаф, усвоената стратегија на Иран подразбира рационално борење, а истовремено и прибегнување кон рационални преговори во соодветно време.
„Кога ќе постигнеме значајна победа на бојното поле и непријателот е во позиција на слабост, мора да ја користиме дипломатијата за да ги консолидираме тие придобивки, така што со наметнување пораз на непријателот, а воедно и зајакнување на нашите сопствени елементи, можеме да достигнеме состојба на одвраќање“, рече Галибаф во обраќањето пред Парламентот
Спикерот на Исламската Република Иран нагласи дека позициите на Техеран се јасни, рационални и непреговарачки, и дека условите на неговата земја за завршување на војната им се пренесени на Соединетите Американски Држави преку посредници.
,,Додека не се исполнат условите, не се признаат легитимните права на иранскиот народ и Американците не ги исполнат своите обврски, нема да има никаква можност за враќање на претходните услови на преговори или за повторно отворање на Ормускиот теснец”, истакна претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф.