Големите американски телевизиски мрежи ABC, CBS, NBC и Fox News одбија да учествуваат во заедничкото известување од Белата куќа, во знак на солидарност со CNN, MS NOW и Politico.
Одлуката следува откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп им забрани пристап до Белата куќа на овие медиуми.
Петте телевизиски мрежи, ABC, CBS, NBC, Fox News и CNN заеднички организираат покривање на активностите во Белата куќа – ги делат трошоците, се менуваат во испраќањето екипи и потоа ги споделуваат снимките со другите медиуми.