Сеуште се активни пожарите кај Општина Ресен во село Бела Црква и село Подмочани каде гори борова шума и ниска вегетација. Општините Студеничани и Зелениково во селата Моране и село Вртекица, село Рамни Габер како и кракот кон село Палиград, во правец на Преслап запалена е мешана шума. Во Општина Сарај активни се пожари во селата Копаница и село Радуша каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација.
Во Општина Петровец, во село Горно Коњари и село Дивљан гори мешана шума и ниска вегетација. Општина Јегуновце во село Копанце гори мешана шума. Општина Чашка има пожар над село Нежилово каде гори ниска вегетација и единечни дрва. Во Општина Прилеп пожар регистриран во село Алинци, кај Касарната во Прилеп гори ниска вегетација.
Еден пожар е под контрола во Општините Гостивар и Македонски Брод кај селото Трново со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане, при што пожарот се прелева на територијата на Општина Македонски Брод. Зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.
Изгаснати се 9 пожари. Во Општина Битола кај тунелот на обиколницата, ѓубре и кабли, Општина Долнени село Црнилиште, ниска вегетација. Општина Прилеп село Витолиште, Општина Струмица село Куклиш, ѓубре и ниска вегетација, Општина Босилово село Бориево, депонија. Општина Струга село Корошишта, стрниште и ниска вегетација.
Општина Градско село Виничани, кај турските гробишта, ниска вегетација и дрвја, Општина Куманово во Агино Село, ниска вегетација и стрниште и Општина Липково село Матејче, ниска вегетација.