Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Е.Ф.(18) од с.Студеничани, скопско, Џ.Ј.(23) од Гостивар, Ш.Х.(34) од Битола и А.Ј.(18) од Куманово.
Затоа што возеле под дејство на алкохол од слобода се лишени С.К.(63) од Берово и 24-годишната Д.Т. од Тетово.
Додека пак, Г.М.(32) од с.Прибачево, кочанско, возел со активна забрана за управување моторно возило од Б категорија.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираат од МВР.