Според информации од Дирекцијата за заштита и спасување како и од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот кој попладнево избувна околу 17 часот во магацин за бои и лакови во близина на фабриката „Железара“ е изгаснат.
Интервенирале 20 пожарникари со шест противпожарни возила.
Од центарот за управување со кризи информираат дека до 18 часот во земјава биле регистрирани 17 пожари на отворен простор.
Под контрола е ставена огнената стихија кај Јасен.