Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша договор со Данска и Гренланд, со кој се зајакнува безбедноста на Арктикот и Северноатлантската област. Со договореното се отвара патот за повеќе американски бази во Гренланд и се ублажуваат тензиите на островот по неговите повици данската територија да стане дел од Соединетите Американски Држави.
Потпишувањето, на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк следува неколку дена откако Трамп го објави договорот за зајакнување на американското воено присуство на Гренланд, но сепак Данска да ја задежи контролата. Договорот се уште ќе важи доколку Гренланд избере независност.
Трамп изрази желба да го стекне Гренланд уште од 2019 година, а од почетокот на неговиот втор мандат упатуваше закани дека ќе ја одземе полуавтономната територија од Данска, сојузник на НАТО.