Високите планини веќе добија зимски изглед. Првиот снег сезонава, во регионов, падна на Копаоник и Голија во Србија и во Пампорово во Бугарија.
И во Македонија е значително постудено, утринските температури се значително пониски во споредба со изминатата недела. Метеоролозите за највисоките планини најавија услови за појава на првиот снег.
Септемврискиот снег е резултат на продор на значително постуден воздух од север, кој донесе нагло намалување на температурите низ Балканскиот Полуостров.