Во Собранието за денеска се закажани седници на Комисиите за политички Систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно- правната комисија.
Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија ќе ги разгледа платформите за дипломатските активности на: вонредниот и ополномоштен амбасадор во Кралството Норвешка Дритон Кучи, вонредниот и ополномоштен амбасадор во Бугарија Крум Ефремов, вонредниот и ополномоштен амбасадор во Кралството Шведска, Мухарем Јусуфи и вонредниот и ополномоштен амбасадор во Романија, Габриел Атанасов.
Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026- 2030 година е единствената точка на дневниот ред на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како и на Законодавно-правната комисија.