Двајца пожарникари се повредиле при гаснење на пожарот на Пелистер

Директорот на Националниот парк Пелистер информира дека стабилна е здравствената состојба на повредените пожарникари.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Пожарот кој вчера избувна во селото Макази и се прошири кон Националниот парк Пелистер е локализиран, но опасноста од негово ширење сеуште постои. Во акцијата за гаснење на огнените јазици учествуваа голем број на пожарникари, а двајца од нив се повредени.

„После пеколната ноќ на терен во која дејствуваа екипите на НП Пелистер, ППТЕ Битола, ДПД Архангел и механизацијата на Јавните претпријатија од Битола пожарот е целосно локализиран. Опасноста за негово понатамошно активирање и ширење и понатаму е голема и во голема мера зависи од временските услови. Во текот на ноќта повредени се двајца припадници на единиците кои дејствуваа на терен и нивната здравствена состојба е стабилна. Единиците продолжуваат да дејствуваат на терен со поддршка на армиски хелихоптер. Подоцна се очекува да пристигнат ДПД Кочани и двата ЕР трактори“, изјави директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски.

Во справувањето со огнената стихија помогнале и екипите од територијалната противпожарна единица од Битола како и екипи од јавните претпријатија со своја механизација.

„Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори, а таму се и нашите екипи. Уште еднаш апелирам за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа“, објави градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

 

СОМНЕЖИ ДЕКА ПОЖАРОТ Е ПОДМЕТНАТ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов јавно изнесе сомнежи дека пожарот е подметнат, бидејќи како што рече биле забележани неколку одвоени огнени линии кои се појавиле истовремено на различни локации во ресенскиот регион.

Пожарот зафати голема површина, надлежните уште еднаш апелираат за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа.

Најнови вести