Кремљ вели дека сe уште нема услови за мировни преговори во Украина

Војната продолжува. Русија тврди дека се уште нема услови за мировни преговори.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вели дека Москва останува отворена за мировни преговори и средби на високо ниво, но истакна дека европските сојузници на Киев продолжуваат да ја вооружуваат Украина. Русија обвини дека Украина „истрајува во своите активности кои во суштина се од терористичка природа“.

„Во моментов не постојат предуслови за премин кон процес на мировни преговори“, рече Песков, додавајќи дека руската страна, останува отворена за мировни преговори.

„Што се однесува до евентуална руско-американска средба, претседателот е отворен за тоа. Во нивните телефонски разговори, претседателите Путин и Трамп постојано ја нагласуваат својата подготвеност да одржат уште една средба доколку е потребно“, рече Песков.

Тој повтори дека Путин е отворен за средба со Зеленски доколку украинскиот лидер дојде во Москва. Тој исто така додаде дека „одржувањето средба на високо ниво пред да се подготви теренот на експертско ниво би било бесмислено и залудно потрошено време“.

Најнови вести