Лидерите на Западен Балкан на средба со шефицата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со шефовите на држави и влади од регионот, остварија средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Каја Калас.

На состанокот, на маргините на Генералното Собрание во Њујорк, биле разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен, безбеден и просперитетен регион.

Претходно, шефот на владата Христијан Мицкоски, се состана со премиерот на Република Косово, Албин Курти, на која било разговарано за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и заедничките предизвици и можности за развој на двете земји.

На средбата со премиерпт на Хрватска, Андреј Пленковиќ, било разговарано за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи, регионалната соработка и важноста од продолжување на реформските процеси согласно европските стандарди.

Во рамки на престојот во Њујорк, премиерот Мицкоски, учествуваше на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have”, чиј домаќин беше претседателот на Република Финска, Александар Стуб.

Најнови вести