Центарот за управување со кризи информира дека до 7:30 часот, во изминатото деноноќие биле регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола нема, а изгаснати се 23 пожари.
Под контрола е огнената стихија во Општините Македонски Брод и Сопиште, село Белица, проширен кон Јасен каде е зафатена нискостеблеста и мешана шума.