Жена удрила во друга жена со тротинет и побегнала

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На 23.09.2026 во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски” – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 31 годишна жена од населба Илинден.

Според пријавеното, на булеварот ,,Кочо Рацин” во Скопје таа била удрена од електричен тротинет, по што женското лице кое го управувало тротинетот го напуштило местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

Најнови вести