Премиерот Христијан Мицкоски и Претседателот на Србија, Александар Вучиќ имаа средба во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, во рамките на 81. Генерално собрание на ОН.
На средбата разговарале за билатералните односи, регионалната соработка и стабилноста, европскиот пат, како и за унапредување на економската, енергетската и инфраструктурната поврзаност.
Вучиќ особено го поздрави најавеното учество на државава на ЕКСПО 2027 во Белград, оценувајќи дека тоа ќе биде дополнителна можност за поврзување на двете земји.
Мицкоски и Вучиќ се сретнаа во рамките на серијата билатерални средби на маргините на Генералното собрание на ОН.