Пред Генералното собрание на Обединетите Нации, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека „се заколнал” оти ќе го спречи „убиственото, диктаторско раководство” на Иран да развива атомски бомби и нуклеарно оружје што би можело да се употреби против Израел.
Нетанјаху е оптимист за иднината на Иран и рече дека „Иранскиот народ ќе биде слободен“. Додаде, режимот на крајот ќе биде соборен од сопствените лаги, корупција и суровост.
Додека на улиците на Њујорк се организираа протести, Нетанјаху ги нападна критичарите на хуманитарната криза во Газа и остро ги критикуваше демонстрантите. Ги отфрли обвинувањата дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа и ги минимизираше извештаите за жртви на окупираниот Западен Брег.
Нетанјаху го опиша Доналд Трамп како најдобар партнер и потенцираше дека израелците водат војна „на седум фронта” – против Хамас, Хезболах, Хутите и Иран, како и против групи во Ирак, Сирија и Палестина.
Тој го нарече турскиот претседател Ердоган „тиранин” кој „им дава засолниште на терористите од Хамас”. Остри тонови упати и кон градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „антисемитски градоначалник“,
На сирискиот претседател Ахмад ал-Шара, кој ги повика израелските сили да се повлечат од Голанската Висорамнина во Сирија – израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му порача, дека еврејскиот народ е присутен на Голанската Висорамнина уште од времето на Мојсеј и нема да се повлече од таа територија.
Говорот на Брнјамин Нетанјаху пред Обединетите нации се одржа само неколку часа откако палестинскиот лидер Махмуд Абас изјави дека администрацијата на Трамп „незаконски“ и ги одбила визите на неговата делегација за присуство на состанокот на светските лидери. Ова е втора година по ред, Стејт департментот на САД им одби визи на Абас и на делегацијата на Палестинската управа, со образложение дека не ги исполниле своите обврски за постигнување мир со Израел.