Одлуките што САД и Кина ќе ги донесат за безбедноста, технологијата и вештачката интелигенција можат да придонесат за мир и просперитет во децениите што доаѓаат -изјави американскиот претседател Доналд Трамп во Белата Куќа, за време на посетата на кинескиот колега Шји Џјинпинг.
Американскиот претседател Трамп рече дека средбата со кинескиот претседател Шји била „одлична” и истакна дека двете земји работат на поттикнување балансиран трговски однос, вклучително и нов пристап до пазарот за американските земјоделци и сточари.
Кинескиот лидер повика на градење меѓусебна доверба, продолжување на дијалогот и негување „здрава конкуренција”. Шји изјави дека Кина го поддржува враќањето на САД и Иран кон договорот постигнат во јуни, чија цел беше да се стави крај на војната и да се овозможи повторно отворање на Ормускиот теснец. Кинескиот претседател исто така изрази надеж дека САД ќе го задржат својот став против „независноста на Тајван“, внимателно ќе постапуваат со прашањето за островот, а двете велесили мора да ја почитуваат црвената линија на избегнување конфликт.
Ова е втора средба меѓу Трамп и Шји годинава, во период на трговски тензии. Во последните месеци, двете страни се обидуваа да го продолжат трговското примирје, додека прашањата поврзани со пристапот до напредни технологии и извозот на ретки земјени минерали остануваат нерешени.