Американскиот Сенат со тесно мнозинство ја отфрли резолуцијата со која се бараше од претседателот Доналд Трамп да ја прекине војната во Иран или да побара одобрение од Конгресот. Демократите се обидоа да го искористат гласањето за да ги стават републиканците во дефанзива во врска со конфликтот, кој станува се
понепопуларен пред среднорочните избори во ноември.
Во исто време, Иран понуди седумдневен план за повторно отворање на Ормускиот теснец и продолжување на нуклеарните разговори, но под свои услови. Одлуката е во рацете на САД – порача иранскиот претседател.
„Никогаш не баравме и не сакаме војна. Америка е таа што мора да избере дали сака да ја заврши или не“, изјави иранскиот претседател Пезешкијан.
Пред новинарите, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи нагласи дека по повторното отворање на Ормускиот теснец би продолжиле и пошироките преговори меѓу Иран и САД.
Неизвесноста на пазарите, особено околу енергетските коридори и снабдувањето со нафта, ги зголемува притисоците врз цените и отвора нови ризици за снабдувањето со енергрнси.