250 евра за чист записник

Лишена од слобода вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство за примање поткуп

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Поднесена е кривична пријава против Д.М. од Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за осомничената 42-годишна вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, како службено лице – инспектор за храна, во периодот од 17 до 25 септември, побарала и примила поткуп во износ од 250 евра од управител на правно лице за да изготви записник со кој ќе констатира дека извршила инспекциски надзор и дека нема неправилности во работата на објектот, односно дека тој ги почитува сите потребни процедури за работа.

Поради ризикот од бегство, опасноста осомничената да влијае врз оштетениот и неговиот исказ, како и можноста од позиција на службено лице- инспектор да го повтори дејствието судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Најнови вести