Од Јавна здравствена установа Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, вчера во 15:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 13-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од С.Р. – родител на негов соученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.