Хакерски удар врз ФБИ

Украдени медицински досиеја – ФБИ на мета

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Хакерската група „ShinyHunters“ тврди дека упаднала во системите на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и украла чувствителни податоци за илјадници вработени, меѓу кои медицински извештаи, адреси и службени информации. ФБИ потврди дека дошло до безбедносен инцидент и дека истрагата е во тек.

Фото: FBI

Според Би-би-си, хакерите доставиле примероци од документи за кои тврдат дека се украдени од системите на ФБИ. Тие наводно содржат целосни имиња, адреси, информации за работните места, како и медицински извештаи и податоци за физичката подготвеност на агенти. Доколку се потврди нивната автентичност, податоците би можеле да се користат за измами, лажно претставување, уцени или целни напади.

Првично се говореше за можно компромитирање на податоци за околу 38.000 актуелни вработени во ФБИ, но „ShinyHunters“ тврди дека бројот на потенцијално погодени лица е значително поголем.

Не бараат пари

Наместо финансиска откупнина, групата од ФБИ бара да повлече или испрати јавно предупредување што Бирото претходно го објавило за нејзините активности. „ShinyHunters“ му дала рок од седум дена на ФБИ, по што се заканува дека ќе ги објави сите наводно украдени податоци.

Информациите споделени и со новинари како доказ

Според Би-би-си и Ројтерс, меѓу наводно компромитираните информации има и телефонски броеви, адреси, броеви на службени значки и податоци за работните места. Ројтерс објави дека дел од податоците можеби се однесуваат на агенти поврзани со истраги за Русија, Кина и нарко-картели.


Автентичноста и целосниот обем на наводно украдените информации допрва треба да бидат утврдени. „ShinyHunters“ тврди дека при нападот ја искористила ранливоста на „Oracle“-системот за складирање податоци, кој го користи ФБИ.

Најнови вести