Денеска, 27 септември, во дел од Скопје посебен режим на сообраќај поради одржување на улична атлетска трка. Од Мвр информираат дека спортскиот настан ќе почне во 08.00 часот, а организатор е Здружението Атлетски клуб „Скопски Маратон“ – Скопје.
Трката почнува од улицата „9“, пред Домот на културата во Општина Илинден. Оттаму, по улиците „534“ и „532“ во населба Илинден и село Марино. Трасата ја опфаќа и улицата „10“ во село Кадино. На кружниот тек учесниците ќе направат полукружно вртење, потоа ќе се вратат по истата делница, ќе поминат по улиците „10“, „532“, „534“ и „9“. По овој дел, трасата продолжува по улицата „2“, до Домот за стари лица. Таму повторно е предвидено полукружно вртење.
Целта ќе биде поставена пред Домот на културата, на улицата „9“ во населбата Илинден. Возилата во делниците опфатени со настанот ќе се пренасочуваат по околните сообраќајници.
МВР ги повикува граѓаните да го почитуваат изменетиот режим и сообраќајните насоки, како и наредбите на полициските службеници кои ќе бидат присутни на трасата на трката.