Европска помош за најранливите

Европската комисија вети 800 милиони американски долари за помош на луѓето во светот

Новиот пакет на ЕУ е насочен кон раселените лица и населението погодено од кризи, со средства за миграциски програми во Африка, мировни напори и здравствена заштита.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави над 800 милиони американски долари (710 милиони евра) нова поддршка од ЕУ за раселените лица, заедниците и населението погодено од криза, за време средбите на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

„Ветувам повеќе од 800 милиони долари за поддршка на луѓето во нужда низ целиот свет. Ќе ги поддржиме луѓето во Африка кои се раселени и заедниците. Ќе обезбедиме храна, безбедност, засолниште и здравствена заштита. Ова ќе помогне да се едуцираат повеќе деца, а ќе им помогне на родителите да стекнат нови вештини и да најдат работа“, рече Фон дер Лајен.

Европската комисија во соопштението наведува дека пакетот вклучува 432 милиони американски долари за програми поврзани со миграцијата во подсахарска Африка, 113 милиони американски долари за мировни напори во регионот на Големите езера и 8,5 милиони американски долари за одговорот на еболата и здравствена подготвеност во Конго.

Најнови вести