Кочница за AI агентите

„ОпенАИ“ ја запре обуката на најновите модели на вештачка интелегенција

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Компанијата „ОпенАИ” објави дека ја
запира обуката на најнови модели на вештачка интелигенција поради се почестите извештаи за агенти со вештачка интелигенција кои се однесуваат неконтролирано.

Одлуката за запирање на развојот следува откако компанијата објави дека испитува неколку инциденти од летото, при што агенти на „ОпенАИ”, пребарувајќи веб-страници на федералната влада на САД, постапувале на неочекувани начини, надвор од зададените параметри, додека собирале информации.
Претходно и Австралија објави дека агенти на ВИ без дозвола влегле во податоците на австралиското Министерство за здравство. Aгентот на „ОпенАИ” добил неовластен пристап до јавно достапниот портал за известување за статистички податоци со информации од „Медикер“ што не се од чувствителна природа, а се однесуваат на податоци и статистика. Во тек е истрага.

Ова е вторпат во рок од три месеци „ОпенАИ” да го стопира развојот на своите модели. Првпат тоа се случи во јули, по обелоденувањето на кибер напад врз стартапот за ВИ „Хагинг фејс” – инцидент што поттикна стравувања дека индустријата ја губи контролата.

„ОпенАИ“ вели дека ќе ја продолжи обуката само кога ќе се осигураат дека имамат воспоставено заштитни механизми.

Најнови вести