12 тинејџери на возраст од 17 до 19 години се ранети во вооружена престрелка меѓу две групи за време на роденденска забава во градски парк во Џорџија. Престрелката се случила рано наутро во недела, во парк, во Мејкон.
Според полицијата, група млади луѓе се собрале во паркот за да прослават 18 роденден, откако биле исфрлени од куќа изнајмена за забавата неколку часа претходно. На надзорните камери е утврдено дека во еден момент, друга група се појавила во паркот и се случила конфронтација.
Истражителите се уште се обидуваат да утврдат како двете групи биле поврзани една со друга и што ги предизвикало непријателства.