Од превенција до истрага

Во Скопје, Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа

Претставници на институциите, меѓународните организации и граѓанскиот сектор од Југоисточна Европа во Скопје ќе разменуваат искуства за превенција, истраги, следење и собирање податоци за фемицидите и родово базираното насилство.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Скопје е домаќин на Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа која се одржува денеска и утре во Собранието, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На конференцијата учествуваат претставници на институции, меѓународни организации и граѓанскиот сектор од земјите од Југоисточна Европа, а во фокусот ќе бидат законодавните и институционалните одговори на фемицидот, парламентарниот надзор, механизмите за следење и собирање податоци, како и стандардите за идентификување и истражување на родово базирано насилство.

Целта на регионалниот настан е преку размена на искуства и добри прктики да се придонесе кон унапредување на институционалните механизми за превенција, идентификување, истражување и следење на фемицидите и родово поврзаните убиства.

Најнови вести