Меланија Трамп се наврати на своето детство во поранешна Југославија и на животот пред да се пресели во Соединетите Американски Држави.
„Пораснав во комунизам и, всушност, ништо не ми недостигаше“, рече Меланија со насмевка во разговорот за „Fox & Friends“.
Зборувајќи за годините во кои растела, таа истакна дека нејзините родители се погрижиле семејството да има сè што му било потребно и дека детството го памети како убав период.
„Моите родители му овозможија убаво детство на моето семејство. Но, да, имаше некои работи за кои требаше да бидете свесни. Моравте да внимавате што правите. Немаше толку слобода како овде во САД“, раскажа Меланија.
Таа додаде дека денешната ситуација е поинаква од времето во кое растела.
Меланија Трамп е родена во 1970 година во Ново Место, на територијата на денешна Словенија, која во тоа време беше дел од Југославија.
Во текот на 1990-тите се преселила во Соединетите Американски Држави, каде што ја продолжила манекенската кариера.
Американско државјанство добила во 2006 година, една деценија пред првпат да стане прва дама на САД.