Автобус на ЈСП „Скопје“, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар на видиковецот на Средно Водно. Во инцидентот нема повредени лица.
Од Дирекцијата за заштита и спасување објавија дека бо гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита.
Од ЈСП „Скопје“ информираат дека надлежните служби ги спроведуваат потребните проверки, по што треба да се утврди точната причина за избувнувањето на пожарот.