Лишен од слобода Србин: Оштетил „порше“ со охридски таблици и избегал, ова се деталите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37) од Бујановац, Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“ по член 243 од Кривичниот законик.

Тој на 04.09.2026 пред угостителски објект во Струга, насилно го отворил резервоарот од патничко возило „порше“ со охридски регистарски ознаки, ставил непозната течност и предизвикал значително оштетување на возилото по што избегал.

По преземени мерки, тој е лишен од слобода, велат од МВР.
Србин

Најнови вести