Воздушната опасност остана во сила

Расте црниот биланс по рускиот напад врз Киев: Меѓу загинатите и дете

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа откако Русија во текот на ноќта изврши масовен напад врз Киев и околниот регион со балистички ракети и борбени дронови, соопштија украинските власти.

Украинската новинска агенција УНИАН објави дека цел на нападот била енергетската инфраструктура околу главниот град.

Руската армија потврди дека ги нападнала хидроелектраната Вишхород северно од Киев, термоелектраната Трипилија на југ и една електрична подстаница.

Системот на НАСА за управување со информации за пожари (FIRMS), кој користи сателити за детекција на пожари ширум светот, регистрираше пожари на тие локации.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле пет балистички ракети од различен тип. Сепак, Телеграм каналите поврзани со армијата јавија дека биле истрелани повеќе од двојно од тој број ракети.

Според официјалните украински податоци, пресретнати се 155 од вкупно 188 борбени дронови. Тврдењата не можат независно да се потврдат.

Воздушната опасност остана во сила и во утринските часови.

Руските напади погодија и други делови од Украина, што предизвика зголемена подготвеност во соседните земји.

Во Молдавија, еден дрон се урна и експлодираше во близина на селото Хирбоват, соопшти Министерството за одбрана.

Полска повторно ги подигна воените ловци во воздух поради можноста дронови да навлезат во нејзиниот воздушен простор.

Најнови вести