безбедно слета во Табук

Тепачка на пилоти на „Флајдубаи“ за време на лет- авионот пренасочен

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Авион на „Флајдубаи“, кој полета од Дубаи за Израел беше пренасочен кон Саудиска Арабија откако испрати сигнал за итна помош поради тепачка помеѓу пилотите, а не поради киднапирање, изјави неименуван израелски функционер.

По првиот сигнал за итна помош, набрзо бил испратен и втор сигнал за незаконско попречување, а авионот беше пренасочен кон саудискиот аеродром Табук, над Јордан.

Авионот безбедно слета во Табук, а ниту еден од патниците не е загрозен.

И канцеларијата на израелскиот премиер соопшти дека инцидентот не е поврзан со киднапирање.

„Флајдубаи“ секојден лета помеѓу Тел Авив и Дубаи, популарна дестинација за израелските граѓани.

Најнови вести