Побарана оставка

По реакциите се огласи раперот кој снимаше спот во Македониумот: Немав намера да провоцирам

Видеоспотот за песната „Sexy Mama“ на раперот Дон Џони предизвика бројни реакции во Македонија и оставки од првите луѓе надлежни за институција , откако дел од сцените беа снимени „Македониумот“ во Крушево.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По бројните реакции раперот Дон Џони реши да се огласи преку објава на Инстаграм.

„Гледам дека „Sexy Mama“ стана голема тема во Северна Македонија. За појаснување, ниту јас ниту мојот тим немавме никаква намера да провоцираме, навредуваме или да ја намалуваме вредноста на кое било место или симбол“, напиша раперот.

Тој истакна дека локацијата била дел од концептот на видеоспотот и дека била избрана од продукцијата, отфрлајќи ги тврдењата дека зад нејзиниот избор имало некаква скриена порака или провокативна намера.

„Јас правам музика. Правам уметност. Правам кратки филмови преку моите видеоспотови. Никаква тенденција, никаква провокација. Само сценарио, локација и уметнички проект, напиша Дон Џони.

Раперот додаде дека нема потреба да создава вакви ситуации за да привлече внимание, а својата реакција ја заврши со зборовите:

„Верувајте ми, имам и повеќе внимание отколку што ми треба. Немам потреба од драма“.

Вчера премиерот Мицкоски побара оставка од првите луѓе на надлежните институции.

Најнови вести