Енергетската криза ги менува пазарите

Инфлацијата во ЕУ се зголемува, на удар и големите европски економии

Идните одлуки на ЕЦБ ќе зависат од движењето на инфлацијата, платите, економскиот раст и енергетските пазари.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Еврозоната се соочува со засилен инфлациски притисок. Најновите податоци од најголемите европски економии покажаа поголем раст на цените од очекуваниот.

Главен предизвик се повторно енергенсите, што ја става Европската централна банка пред сложена одлука околу идното движење на каматните стапки. Природниот гас, бензинот и дизелот поскапуваат, а повисоките трошоци постепено се пренесуваат врз сите делови од економијата.

Во Франција во септември инфлацијата достигнала 3,4 проценти на годишно ниво, наспроти 2,6 насто во август. Во Италија пораснала од 3,2 на 4,1 проценти, во Германија од 2,9 на 3,3 насто, додека во Шпанија достигнала пет проценти, во споредба со 4,6 насто изминатиот месец.

ЕЦБ врќе два пати годинава ги зголеми каматните стапки. На 10 септември Управниот совет ги зголеми трите клучни стапки за 0,25 процентни поени, поради конфликтот на Блискиот Исток. Финансиските пазари ги зголемија очекувањата за дополнителни зголемувања на каматите во текот на следната година.

Најнови вести