МВР во акција

Лишени од слобода уште 8 возачи: Седум возеле без возачка, еден пијан предизвикал сообраќајка

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.А.(18) од с.Арачиново, скопско, С.Р.(31) од с.Сарај, скопско, Б.А.(31) од с.Долна Лешница, Општина Желино, Д.А.(21) од с.Неготино, гостиварско, Џ.М.(48) од Гостивар, Д.М.(24) од с.Чајле, гостиварско и А.М.(39) од Кавадарци, кој бил и под дејство на алкохол.

Додека пак, М.Ј.(61) од Свети Николе управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, инфпрмираат од МВР.

Најнови вести