Настанот бил затворен за медиумите

Мицкоски и сопругата покрај Трамп: Сојузништвото со САД е засновано на доверба (ФОТО)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија на која заедно со неговата сопруга Рози Мицкоска, се
фотографирани со претседателот на САД, Доналд Трамп.

-Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство, напиша Мицкоски.

Фотографијата е направена за време на неодамнешната посета на Мицкоски САД, каде што учествуваше на 81.Генерално собрание на Обединетите нации.

Премиерот, заедно со сопругата, учествуваше на традиционалниот прием на шефови на држави и влади организиран од американскиот претседател за време на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Настанот се одржал во хотелот „Лот палас“ во Њујорк и бил затворен за медиумите.

Најнови вести