опасно предупредување

Путин: Русија ќе ги употреби „сите оружја“ доколку биде нападната некоја нејзина територија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на Русија, Владимир Путин го повтори долгогодишниот став на Москва дека, Русија не планира да ги нападне европските земји, но ќе одговори на агресијата со „сите оружја“ во својот арсенал.

,,Доколку дојде до директен напад врз Руската Федерација – во овој случај мислиме на Калининград, или можеби некои други територии – секако, неизбежно e и веднаш прашањето за користење на целото оружје што и е на располагање на нашата земја“, рече рускиот претседател Путин.

Од форумот за надворешна политика, Путин ги обвини Западот и Европа за ескалација на тензиите, зборувајќи за подготовка за војна со Москва во наредните години, спроведување воени вежби во Балтичкото Море и запленување руски бродови.

Кремљ претходно го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за да го одбрани Калининград доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече балтичката енклава од остатокот од Русија.

Неколку руски амбасади во Европа оваа недела издадоа соопштенија во кои се вели дека Москва има „информации дека НАТО подготвува воздушна и поморска блокада на Калининград и регионот“. Ги обвинија европските лидери дека „играат опасна игра“ велејќи дека Русија може да нападне друга земја или да ја засили кампањата на дестабилизирачки напади со беспилотни летала и саботажи. Москва ги нарече обвинувањата апсурдни.

Најнови вести