,,Бела ноќ 2026"

Скопје утре ќе живее во ритамот на културата, уметноста и забавата

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

„Бела ноќ 2026″, и годинава ќе ги поврзе градските плоштади, улици, музеи и галерии во заедничка ноќ на културата.

Во организација на ЈУ „Универзална сала” и Град Скопје, главниот град нуди концерти, изложби, диџеј настапи и програма за најмладите.

На плоштадот „Мајка Тереза” (на платото пред МОБ), граѓаните ќе може да уживаат во богата програма наменета за различна возраст. Програмата почнува со детска песна и театар, а продолжува со концерти и музика по полноќ.

Програмата на плоштадот „Мајка Тереза” почнува во 18:00 часот со детскиот фестивал „Поточиња“, а во 18:45 часот следува „Театар за тебе”, интерактивен театар за деца.

Од 19:30 часот публиката ќе ја забавува DJ Bono, по што во 20:30 часот настапува „Допамин бенд”. Во 22:00 часот, сцената е резервирана на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, додека од 00:00 часот програмата продолжува со DJ Tammy и DJ Toshevv.

Кај фонтаната „Лотус“, „Бела ноќ“ нуди вечер посветена на електронската музика. Програмата започнува во 20:30 часот со Flooder & Vaso, продолжува во 22:00 часот со DJ Vecky – Fluere, а од 00:00 часот настапува Invictoz – Sempre.

На платото пред Музејот на современата уметност, од 20:00 часот, ќе се одржи „IN BETWEEN 04″, co DJ AYU од Берлин, DJ Peneva, DJ Stefan Strange, DJ Bole и DJ Luka, дополнувајќи ја музичката понуда на манифестацијата.

На „Боемска улица“ ќе се одржи „Боемска бела ноќ“ на која ќе настапи Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов.

„Бела ноќ“ нуди и средби со современата ликовна и мултимедијална уметност. Во Домот на градежниците ќе бидат претставени самостојната изложба на Марија Рашковиќ и групната изложба „Вортекс”.

Во Чифте амам публиката ќе може да ја посети изложбата „Пресек” на Ирена Паскали, а во „Мала станица” изложбата „Меѓу светови” на Воскресија Андреевска.

Во Детскиот културен центар „Карпош”, во 09:00 часот, е најавена изложба на детски ликовни творби. Во Паркот на поезијата при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, во 12:00 часот, ќе се одржи „Нацртај песна”, а во 19:00 часот следува изложбата „Види ја поезијата“, поврзувајќи ги литературата, имагинацијата и визуелното изразување.

Археолошкиот музеј нуди бесплатен влез и содржината „35 предмети, 35 приказни”, отворајќи простор за откривање на културното наследство.

На мапата на „Бела ноќ 2026″ се Младинскиот културен центар, Мостот на уметноста, Боемска улица, Старата скопска чаршија, Музејот на град Скопје, „Аудио култура“ и улица „Македонија“. Заедно, овие локации ќе понудат можност за поинаква прошетка низ Скопје, исполнета со уметност, музика и средби.

За време на манифестацијата, ЈСП Скопје обезбеди бесплатен јавен превоз за граѓаните.

Најнови вести