Сеуште е активен пожарот во селото Бела Црква во Ресен каде гори борова шума и ниска вегетација, регистриран е пожар и во Општина Сарај кај селата Копаница и Радуша, каде огнената стихија зафатила нискостеблеста шума и ниска вегетација. Гори и во Општините Чашка, Боговиње, Студеничани, Брвеница и Македонски брод.
Пожарникарите успеале под контрола да стават два пожари во Општините Гостивар и Македонски брод и во селото Копанце, Тетовско.
ЦУК информира дека изгаснати се пожарите на 8 места.
ДЗС: ПРИ ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ ПОВРЕДЕН Е ВОЗАЧ НА БУЛДОЖЕР
Возач на булдожер при скок од возилото се повредил и има напукнати ребра, информираше директорот Стојанче Ангелов. Тој се наоѓа на болничко лекување и засега се чувствува добро.