Односи во регионот

Мицкоски: Преносот на Цар Самоил во Софија, го гледам низ призмата на Бледскиот договор

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Премиерот Христијан Мицкоски во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со цар Самуил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор. Мицкоски посочи на историскиот контекст по капитулацијата на Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

„Што се однесува до пренесувањето на моштите, јас би се вратил назад неколку децении кога мошите на македонскиот великан Делчев како резултат на тој Бледски договор, се донесени во Скопје. Тоа е нешто што треба нас како Македонци да не прави горди, затоа што моштите на тој великан, кој што бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет”, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски изрази жалење што, според него, малкумина го споменуваат Бледскиот договор и она што било договорено со него, велејќи дека тоа не е многу оддамна, туку пред неколку децении.

Најнови вести