Денес се празнува Собор на сите македонски светители

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет.

Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата.

Овој ден е воведен за славење на сите Македонските светители кои се подвизувале на ист начин како и другите од христијанскиот свет. Со македонско потекло постојат некаде над 40 светци. Во Македонија, соборната црква во Битола која се гради и е најголема на Балканот се вика Црква „Собор на сите македонски Светители“. Исто и црквата во Тетово која треба да се изгради во новиот дел на градот го носи името на овој празник. Црквата во Лозана, Швајцарија исто е наречена Црква „Собор на сите македонски Светители“, како и таа во Окленд, Нов Зеланд.

Најнови вести