Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека беспилотни летала од типот „Герањ“ погодиле логистички центар на украинската компанија за брза достава и курирски услуги „Нова пошта“ во Черноморск и дата-центар во Одеса.
Министерството објави и снимки од нападите, придружени со соодветни описи, пренесува РИА Новости.
Во соопштението се наведува дека цел на руските напади биле центри за донесување одлуки, фабрики и складишта што украинските вооружени сили ги користат заедно со експерти на НАТО.